info@karti.com.mk

Палјачи - Руџеро Леонкавало

февруари

07

500-700 мкд

20:00

Национална Опера и Балет

Руџеро Леонкавало
„ПАЛЈАЧИ“

07.02.2024-20 часот

Диригент:  Бисера Чадловска 

Режисер:  Дејан Прошев

Асс.Диригент: Катерина Стојковска

Асс.режисер: Трајко Јордановски

Сценограф:  Илина Ангеловска

Костимограф: Никола Булевски

Концерт-мајстор:  

Асс.хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска

Корепетитори: Елена Сиљаноска, Јанинка Невчева,

Андреја Наунов, Јордан Петрушевски

 

 СОЛИСТИ

Неда – Дашира Амети Крлиу/ Наде Талевска   

Канио – Зоран Сотиров

Тонио – Марјан Јованоски  

Силвио – Драган Ампов  

Арлекин - Дејан Стоев  

 

  Инспициенти:   Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски

  Суфлери  Невена Георгиева

(синопсис)

Пролог
Пред завеса.
Патувачкиот актер Тонио им раскажува на гледачите дека драмата која ќе се игра е исполнета со вистинити чувства и страдања на нејзините јунаци. Обичните комедијанти, исто така, имаат душа која сега ќе ја отворат пред публиката…

Прв чин
Во италијанското село пристигнува патувачката трупа составена од Канио газдата и главниот актер, неговата жена Неда и актерите Тонио и Бепо. Селаните, во исчекување на добра забава, ги поздравуваат и покануваат во таверна.
Тонио ја одбива поканата. Селаните се смејат: сигурно тој сака да остане насамо со убавицата Неда, додека сопругот се гоштева. Но Канио ги прекинува: тој искрено ја сака својата жена и и верува, но во случај на неверство ќе биде страшен во својата одмазда
Неда останува сама. Таа е со помешани чувства. Во ова село ја чека нејзиниот сакан-младиот селанец Силвио. Борејќи се со лошите претчувства, Неда пее за птици слободни да летаат насекаде…
Пеењето на Неда го пленува Тонио. Тој смогнува сили конечно да и ги открие своите чувства но горделивата убавица му се потсмевнува на грдиот кловн. Тонио ја моли да биде сфатен сериозно, но ударот со камшик го враќа во реалноста. Навреден и огорчен, тој се колне дека ќе се одмазди.
Се појавува Силвио кој ја моли Неда да го напушти мажот и трупата и да замине со него. Тонио скриен ликува. Неговиот гнев започнува да ја реализира одмаздата . . .
Вљубените нежно се разделуваат, кога неочекувано се појавува разбеснетиот Канио (Тонио успеа да му соопшти за неверството) и го напаѓа Силвио. Тој успева да побегне и Канио се свртува кај Неда: кој е нејзиниот љубовник?! Кога таа одбива да одговори, Канио вади нож…Бепо го запира, а Тонио се труди да го смири: сигурно, непознатиот ќе се појави на вечерната претстава и ќе се разоткрие. Сите, освен Канио, брзаат на претставата. Публиката чека! Канио е скршен. Најстрашно е дека тој треба да го облече костимот на шут и да ја забавува публиката, криејќи ја својата болка: „Смеј се, палјачо, на својата тага…”

Втор чин
Претставата само што не отпочнала. Посетителите влегуваат, меѓу нив е и Силвио. Неда, собирајќи пари, го предупредува за опасноста. Публиката е нетрпелива, но, еве, конечно, се крева завесата…
Сцената е наместена како мала соба. Коломбина (Неда) мечтае за Арлекин, додека мажот, Палјачо не е дома. Оддалеку се слуша серенадата на Арелкин. Влегува слугата Тадео (Тонио). Коломбина е сама. Тој се осмелува да и каже за