info@karti.com.mk

ОСКАРОВСКА ГАЛА ВЕЧЕР – ГАЛА КОНЦЕРТ

февруари

28

1200-1800 мкд

20:00

Национална опера и балет

„Оскаровска Гала вечер“

Во пресрет на 96-то доделување на наградите Оскар, ве покануваме на првата Оскаровска Гала вечер во Националната Опера и Балет, во среда 28.02.2024. од 20 ч.

Најубавите филмски песни наградени со Оскар ќе ги изведат врвни поп и оперски пејачи во придружба на оркестарот на Национална опера и балет  и Здружението на џез музичари-ЗЏМ. Диригент е Бисера Чадловска, а настанот е во режија на Дејан Прошев.

Низ ова незаборавно филмско – музичко патешествие ќе ве води долгогодишниот коментатор на Оскаровскиот пренос, Миланка Рашиќ.

Во манир на најблескавата филмска ноќ, настанот ќе започне со Црвен тепих во 19:30 ч.

Бидете дел од гламурозната прослава на филмската магија и уживајте во песни кои низ годините станаа големи светски хитови и се дел од историјата на седмата уметност!