info@karti.com.mk

Оревокршачка - Петар И. Чајковски

јануари

31

400-600 мкд

20:00

Национална Опера и Балет

Петар Илич Чајковски
ОРЕВОКРШАЧКА
3
1.1.2023– 20:00 часот

Кореограф: Василиј Иванович Ваинонен (Русија)
Сценограф: Анатолиј Нежњи (Русија)
Костимограф: Љупка Ристовска
Репетитори: Горан Божинов, Александра Мијалкова,Васил Чичиашвили,Билјана Пашариковска, Наташа Јосифовска,Дафина Данилоска-Кочевска

Настапуваат:
Клара: Марија Кичевска Шокаровска
Принц:Франциско Хименес Руиз (Шпанија)

НАСТАПУВААТ СОЛИСТИ, БАЛЕТСКИОТ АНСАМБЛ  НА НАЦИОНАЛНАТА ОПЕРА И БАЛЕТ И ДЕЦА ОД БАЛЕТСКИОТ ОДДЕЛ ДМБУЦ „ИЛИЈА НИКОЛОВСКИ-ЛУЈ“

Времетраење на цела претстава: 1 саат и 32 минути (плус минус во зависност од аплаузот)

I чин: 44 минути

II чин: 48 минути

 

Времетраење на цела претстава: 1 саат и 32 минути

Синопсис

 I чин

 Дејството се одвива во старо германско гратче, на почетокот на минатиот век. Вечер, приквечерие на Божиќ. Улицата е весела и празнична. Меѓу поканетите на празникотоколу елката присутен е и стариот мајстор на играчки, пријател на децата Дросермаер. Гостинската соба на семејството Шталбаум е украсена празнично. Се собираат гостите. Влегува и Дросермаер, кој со себе носи подароци. Се е подготвено за празникот. Влегуваат деца. Почнува играта криенка. Им се придружува и Дросермаер, му ги врзуваат очите и прв ја фаќа Клара, ќерката на Шталбаум. По играта почнуваат танците. Се појавува Дросермаер во костим на магионичар. Ги покажува своите магии и изведува куклена претстава. Кралот на глувците сака да ја украде принцезата, но храбрио Оревокршач го убива кралот на глувците. Дросермаер неуморно измислува други игри. Тој им ја покажува на децата куклата – Мавар на навивање. На Клара најмногу и се допаѓа Оревокршачот. Франц и го одзема на Клара Оревокршачот, но во неговите раце останува само откачената глава на куклата. Дросермаер бргу ја поправа куклата. Клара го гали и го смирува навреденото љубимче. Доцна е, гостите си заминуваат. Балот завршува со танци. Клара се збогува со Оревокршачот, се гасат светилките на елката. Дадилката ја води Клара на спиење. Таа сонува сон како глувците ја окупираат гостинската соба, на чело со нивниот крал. Оревокршачот ги предводи оловните војничиња и напаѓа.

 Клара оди по него, го пребродува стравот, решително го фрла чевличето кон кралот на глувците и така го спасува Оревокршачот. Кралот на глувците е поразен и со својата војска исчезнува. Дросермаер ја претвора Клара во прекрасна девојка, а Оревокршачот во прекрасно момче. Почнува патешествието во земјата на бајките. Паѓа снег…

II чин

Клара и Оревокршачот се наоѓаат на волшебниот остров. Почнува празникот. Клара и Оревокршачот се среќни. Танцуваат заедно со сите. Се ближи утрото. Волшебниот сон завршува, Клара се буди.