NILS ØKLAND & SIGBJØRN APELAND
4 ЈУНИ • Национална опера и балет • 20:00
NILS ØKLAND – хардангер фидл, виолина, виола
SIGBJØRN APELAND – хармониум, пијано
Маестралниот хардaнгер виолинист Нилс Окланд изгледа подеднакво удобно и како солист, и во дует, или со својата избрана група соработници, Nils Økland Band. Без оглед на музичкиот контекст што го избира, Нилс делува природно и инспиративно за сите околу него. Неговата способност да создава заразни мелодии создава звук што зрачи со мистерија и веднаш препознатлива емоционална длабочина. Музиката слободно се движи помеѓу локалната традиционална народна музика, современата музика, џезот и слободната импровизација. Во осумдесеттите и деведесеттите години, тој бил студент, а подоцна и музички раководител на Ole Bull Akademiet, сместена во Вос, и токму тој период го обликувал неговиот музички пат. На ОФФест ќе настапи во интимен соло и дуо формат со органистот Сигбјорн Апеланд. Окланд има објавено четири албуми за издавачката куќа ECM, како и неколку албуми за Hubro, но неговата дискографија започнува со два албуми за Rune Grammofon и неговото деби „Blå harding“, издадено за неговата сопствена издавачка куќа Morild. Музиката на Нилс речиси доаѓа со гаранција за едноставни, невини времиња, без да биде носталгична. Еден вид чиста музика, наизглед не под влијание на светските трендови, а сепак јасно обликувана од неговото опкружување во Вос.
https://nilsokland.no/
DOBRILA & DORIAN
4 ЈУНИ • Национална опера и балет • 22:00
ДОБРИЛА ГРАШЕСКА – вокал
ДОРИЈАН ЈОВАНОВИЌ – ут, лупер
Дуетите нудат заедничка основа за совршен разговор. Во случајот на Добрила и Доријан, таа заедничка основа е навистина широка. Сите ги познаваме преку Чалгија Саунд Систем како чувари на традицијата. Но, нивниот дует направи и нешто повеќе. Според нивните зборови, нивниот прв албум „Апокриф“изврши „тивка офанзива“ преку спојување на глас, уд, лупови и импровизација. Нивното деби претставува фузија помеѓу познатото и непознатото, прифатеното и необичното, тишината и звуците од околината, како и желбата за откривање и препознавање. Можеби токму затоа и регионалните и меѓународните музички критичари го прогласија албумот за ремек-дело во жанрот на глобалната музика. Повеќето состави не успеваат да импресионираат со вториот обид, но со притисокот дојде и издигнување над сигурната формула, па така се испили “Пиле Шарено”. Овојпат со електронски модификатори применети не само на удот, туку и на гласот. И покрај шарениот наслов, следниот албум беше поглед навнатре, привлекувајќи уште повеќе пофалби од критичарите. Признанијата доведоа до бројни настапи низ Европа, дополнително зацврстувајќи ја интимната врска на дуото и за возврат барајќи уште музика. Наведува да се запрашаме што се крие позади третата врата. Можеби нешто лирско, бавно, со добра приказна. Овој концерт на ОФФест е ексклузивна промоција на новиот, трет албум на Добрила и Дорјан.
https://www.facebook.com/DobrilaDorianDuo