НИКОЛА ЃУРИЧКО во КУМАНОВО!
По минатогодишниот фантстичен станд-ап настап на сцената на македонската филхармонија, еден од најдобрите балкански актери со холивудска кариера, Никола Ѓуричко повторно гостува во Македонија, овој пат во КУМАНОВО.
Човекот кој на големото платно одигра фантастични ликови во легендарни филмски остварувања како „До коска“(Do koske), „Молњи“(Munje), „Кога ќе пораснам ќе бидам Кенгур“(Kad porastem bicu Kengur), „Зона Замфирова“ и секако ликот на Јури во мега-популарната продукција на Нетфликс, „Stranger things“, овој пат ни гостува со цел да ја насмее и израдува публиката во овие два града со своето STAND UP SHOW насловено SHOWBIZ.
После полни 3 години на успешното шоу „Се што сакавте да знаете за Џони, а не смеевте да го прашате“, Никола Ѓуричко го спреми новиот материјал насловен „SHOW BIZ” и оваа есен настапува на просторите низ бивша Југославија, со турнеја која започнува на 29 септември, а завршува на 04. ноември.
Со огромно задоволство најавуваме и два македонски датуми во рамки на оваа турнеја, и тоаж
15.10 НУЦК Трајко Прокопиев – КУМАНОВО
Новиот материјал (како и минатиот) Никола го пишува сам, а се однесува на неговиот живот, кариера, семејство, Лос Анџелес…
Ова шоу има за цел да на духовит и исклучително интересен начин да се раскаже дел од интересните детали од животот и кариерата на оваа балканска и светска супер звезда!
Минатата година беа распродадени две сали на Македонската Филхармонија во СКопје, овој пат по само едно ексклузивно шоу во Куманово.