info@karti.com.mk

NICOLE MITCHELL & MARK SANDERS FIRE! ORCHESTRA

Октомври

20

800 мкд

20:00

Национална Опера и Балет, Скопје

                                                                         

 

NICOLE MITCHELL & MARK SANDERS / FIRE! ORCHESTRA @ Skopje Jazz Festival

NICOLE MITCHELL & MARK SANDERS

 

Nicole Mitchell – флејта, глас

Mark Sanders – тапани

 

Никол Мичел е многупати наградувана креативна флејтистка, концептуалист, композитор, лидер на бенд и едукатор. Како неодвоив дел од креативната музичка заедница во Чикаго, таа беше првата жена-претседател на Здружението за унапредување на креативните музичари (AACM). Повеќе од дваесет години, Мичел ја користи својата уметност за создавање светови кои „градат мост меѓу познатото и непознатото“, со нејзиниот ансамбл Black Earth. Таа, во исто време, компонира музика за современи ансамбли со различна инструментација и формат (соло, оркестар и биг бенд), инкорпорирајќи притоа импровизација и широк спектар на естетски изрази.  Мичел е веројатно најпозната како креативна флејтистка којашто успеа да развие уникатен импровизаторски јазик што во повеќе наврати ѝ ја донесе титулата „Флејтист на годината“ во изборот на критичарите на списанието DownBeat (од 2010 до 2024 година). Таа е воедно професор по музика на Универзитетот во Вирџинија. Марк Сандерс е тапанар/перкусионист со британско-белизеско потекло, препознатлив по активното музицирање во сферата на фри џезот и слободната импровизација, кој ги користи своите искуства и сестраност во различни жанрови, соработувајќи со бројни реномирани уметници, како Роско Мичел, Дерек Бејли, Џа Вобл, Бил Ласвел, Трстон Мур, Метју Шип, Еван Паркер, Вадада Лео Смит, Вилијам Паркер и многу други. Во дуо со Никол Мичел, тие создаваат извонредно оригинален и минималистички звук, исполнет со ведри мелодии и грувови, своевидна реминисценција на музиката на Art Ensemble of Chicago.

 

 

FIRE! ORCHESTRA

 

Mats Gustafsson – баритон саксофон и флејта

Delphine Joussein – флејта и електроника

Lina Allemano – труба

Goran Kajfes – труба

Mats Äleklint – тромбон

Sebi Tramontana – тромбон

Heida Karine Johannesdottir – туба

Fredrik Ljungkvist – кларинет, тенор саксофон

Signe Emmeluth – алт саксофон

Lars Göran Ulander – алт саксофон

Julien Desprez – гитара

Alexander Zethson – клавијатура

Johan Berthling – контрабас

Juan Romero – перкусии

David Sandström – вокал и тапани

Blanche Lafuente – тапани и електроника

 

Mikael Werliin – тонец

 

Fire! Orchestra е идејна творба на шведските музичари Матс Густафсон (саксофон), Јохан Бертлинг (бас) и Андреас Верлин (тапани), којашто низ годините прерасна во опасен колектив што им пркоси на конвенционалните жанровски граници, развивајќи свеж пристап кон импровизираната музика со влијанија од фри џез, психоделичeн рок, пост-боп, ноиз, краутрок и даб музиката. Денес, во 14-та година од постоењето, уникатните Fire! Orchestra се враќаат со претежно скандинавска екипа и силна француска поддршка и со своето најамбициозно дело до сега. Додека популарниот и многу фален „Arrival“ (2019) се смета за врв во дискографијата на бендот, монументалниот троен албум „Echoes“ (2023) го подигнува влогот. Снимен со неверојатна постава од 43 музичари во легендарното студио Atlantis во Стокхолм, а маестрално измиксан од Џим О’Рурк, „Echoes“ е многу отворен, свеж, органски, минуциозен и динамичен албум, кој ја доловува суровата енергија и комплексните аранжмани на групата, обезбедувајќи длабоко и возбудливо слушачко доживување. Нивните настапи се многу повеќе од традиционални концерти, со импресивна демонстрација на техничко мајсторство и со цврста посветеност на уметничкото истражување. Секој настап на оркестарот ги редефинира можностите на модерната музика, зацврстувајќи го нивниот статус на еден од најиновативните и највозбудливите ансамбли на сцената и клучна движечка сила во еволуцијата на современата музика.