info@karti.com.mk

NEW FUTURE CITY RADIO (Damon Locks / Rob Mazurek / Mauricio Takara)

октомври

15

400 мкд

00:00

МКЦ Дансинг Сала

NEW FUTURE CITY RADIO

Rob Mazurek – труба, електроника

Damon Locks – вокал, електроника

специјален гостин:

Mauricio Takara – перкусии, електроника

www.robmazurek.com

www.damonlocks.black

New Future City Radio е проект на Роб Мазурек и Дејмон Локс. Во ова ново дуо, двајцата размислуваат за заедницата, трансформацијата и иднината, низ призмата на една имагинарна пиратска радио станица за народот. Темите, од звучен и текстуален аспект, беа однапред детерминирани, но импровизацијата ја води приказната. Роб Мазурек е познат по широкиот спектар негови сопствени ансамбли, како и по соработките. Во овој проект, тој е во партнерство со Дејмон Локс, член на неговиот Exploding Star Orchestra, кој е познат не само како глас во овој извонреден оркестар, туку и како водач на Black Monument Ensemble (и двете групи издаваат за култната чикашка етикета „International Anthem“). Дуото подеднакво одговара за електронските делници, но секој посебно го презема водството кога е потребно, со своите специјалитети: Роб со трубата и Дејмон со гласот. Нивната музика во еден миг може да зазвучи отворено бомбастична, а во следниот нежно емотивна, а најчесто е некаде во средината. На прашањето за музиката на New Future City Radio, тандемот во еден глас извикува: „Зборуваме за пост, пост, пост, иднина. Зборуваме за издржливост и левитација. Зборуваме за убавината и структурниот интегритет на нашиот народ. Зборуваме за светлосните зраци кои раскажуваат приказни и едуцираат. Ајде да зборуваме за тоа ако сакате да разговараме за новата иднина!“ Во Скопје, како специјален гостин, ќе им се придружи бразилскиот перкусионист Мауруцио Такара (Hurtmold, São Paulo Underground...).