info@karti.com.mk

National Jazz Orchestra with String Ensemble

Јануари

30

1000 мкд

20:00

Филхармонија, Скопје

ОТВОРАЊЕ НА КОНЦЕРТНАТА СЕЗОНА 2026
𝐍𝐚𝐭𝐢𝐨𝐧𝐚𝐥 𝐉𝐚𝐳𝐳 𝐎𝐫𝐜𝐡𝐞𝐬𝐭𝐫𝐚 𝐰𝐢𝐭𝐡 𝐒𝐭𝐫𝐢𝐧𝐠 𝐄𝐧𝐬𝐞𝐦𝐛𝐥𝐞
 30 јануари 2026
Македонска филхармонија | 20:00 часот

Драги пријатели,

Новата концертна сезона ја отвораме со концерт на кој Националниот џез оркестар и гудачкиот ансамбл, составен од музичари на Националната опера и балет, се среќаваат на иста сцена. Во овој редок и внимателно обликуван спој, оркестарскиот звук се проширува и продлабочува, создавајќи нова звучна димензија.

Под диригентство на маестро Џијан Емин, ќе бидат изведени авторски композиции на Трајче Велков, Гордан Спасовски, Зоран Костадиновски, Џијан Емин, Гоце Стевковски, Сашко Николовски и Георги Шарески, со солистичко учество на Кирил Кузманов на саксофон и флејта, како и Бојан Цветковиќ на пијано!

Како драг гостин на вечерта ќе настапи нашиот пријател Георги Шарески — гитарист и композитор, чиј израз и музички сензибилитет природно се впишуваат во звучниот карактер на оваа концертна целина.

Ве покануваме заедно да ја споделиме оваа вечер —
вечер во која музиката зборува сама за себе
и нè носи надвор од секојдневниот ритам.

Се гледаме!