info@karti.com.mk

Наслов

Ноември

06

1000 мкд

20:00

Национална Опера и Балет, Скопје

 

Национален џез оркестар & Yellowjackets
6 ноември 2025 | 20:00 часот | Национална опера и балет
Диригент: Bob Mintzer

На 6 ноември, Националниот џез оркестар ќе настапи заедно со легендарниот американски состав, пионерите на џез-фјужн жанрот – Yellowjackets! Диригент на концертот ќе биде единствениот Bob Mintzer, долгогодишен член на составот и еден од најистакнатите современи џез музичари.

Угледното списание JazzTimes ќе ги опише како „совршено запалив електро-акустичен состав, чии интелигентни, често предизвикувачки и непредвидливи композиции црпат инспирација од fusion, post-bop и современиот џез.“

Во текот на својата богата и повеќедецениска кариера, Yellowjackets се етаблираат како еден од најзначајните и најпочитуваните состави во џез-фјужн жанрот. Со 25 издадени албуми, две престижни Греми награди и безброј распродадени концерти ширум светот, Yellowjackets оставија зад себе музичко наследство што постојано се обновува и инспирира нови генерации музичари и љубители на џезот.

На сцената ќе ги видиме Yellowjackets во нивниот актуелен состав:

Russell Ferrante (клавијатури и пијано), Bob Mintzer (саксофон), Dane Alderson (бас) и Will Kennedy (тапани).

Не пропуштајте ја оваа ексклузивна прилика – спој на нашиот енергичен Биг Бенд и светските џез-фјужн легенди – во живо, на една сцена!