🎶✨ Националниот џез оркестар со детски концерт: Најголемите хитови на „Поточиња“!
Драги пријатели,
Ве покануваме на едно весело музичко патување исполнето со омилените детски песни, музичка магија и многу насмевки! 🎈
Националниот џез оркестар, под диригентската палка на Џијан Емин, ќе ги изведе најголемите хитови на „Поточиња“ во едно поинакво, оркестарско руво, со специјални гости - Детскиот хор „Поточиња“! ❤️
Ве очекуваме на музичка дружба за најмалите, но и за сите оние што сè уште ја чуваат детската радост во себе!
📅 8 декември 2026
⏰ 11:00 часот
📍 Македонска филхармонија