Прв финален плејоф-натпревар од кошаркарското првенство, во кој МЗТ Скопје како бранител на титулата го пречекува амбициозниот тим на ТФТ во салата „Јане Сандански“ во скопски Аеродром. Серијата се игра до три победи, што значи дека секој натпревар ќе носи посебен шмек и обострана желба за успех.
НАПОМЕНА: Навивачите и симпатизерите на ТФТ да купуваат билети исклучиво за Блок 2, Блок 3 и Блок 4, во спротивно ако навиваат за гостинскиот тим од друго место во салата веднаш ќе бидат отстранети од обезбедувањето, со цел да се спречат било какви инциденти.