35 ГОДИНИ ТЕМНИНА! MOONSPELL ДОАЃААТ ВО СКОПЈЕ!
Португалските dark metal икони MOONSPELL во пролетта 2027 година тргнуваат на својата најамбициозна хедлајнерска турнеја досега – GOD IS A VAMPIRE TOUR 2027, во рамки на која ќе ја прослават и својата 35 годишнина. 40 концерти. 19 земји. Еден пакт.
На 1 април 2027, турнејата пристигнува во Скопје, каде што МКЦ ќе биде домаќин на една од најмрачните и најмоќните вечери во металот.
По објавувањето на нивниот актуелен албум FAR FROM GOD, MOONSPELL тргнуваат на пат низ Европа со ексклузивен сценски дизајн и препознатлива мрачна енергија.
На турнејата заедно со MOONSPELL ќе се придружат и специјалните гости:
IOTUNN, новата сила на прогресивниот метал од Данска и Фарски Острови
TODOMAL, исклучителите шпански претставници на атмосферскиот дум-метал
Метал празник за сите сетилa. Вадете ги маските и придружете му се на пактот!
Првите 100 билети се по промотивна цена од 1500 денари, достапни на mktickets.mk
1 април 2027 · МКЦ Скопје
MOONSPELL – GOD IS A VAMPIRE TOUR 2027