info@karti.com.mk

МОЛИТВИ НА МОЕТО ТЕЛО – РЕПРИЗА

декември

22

600-1000 мкд

20:00

Национална опера и балет

22.12.2023, 20 часот
РЕПРИЗА
Молитви на моето тело

(балетска претстава по повод 100 години од раѓањето на Ацо Шопов)

„Молитви на моето тело“ е балетска претстава (триптих) инспирирана од циклусот поезија со истоимениот наслов на Ацо Шопов по повод одбележување 100 години од раѓањето на поетот.
Последна премиера на НУ. Национална опера и балет за 2023 година и завршен настан со кој се затвора јубилејот повод одбележување 100 години од раѓањето на Ацо Шопов.

Креативен тим:
Идеја за проект и костимограф: Александар Ношпал
Драматург: Соња Здравкова-Џепароска
Кореографи: Ивана Коцевска, Адријана Данчевска, Саша Евтимова
Композитори: Дарија Андовска, Александар Гроздановски, Александар Пејовски
Сценограф: Михалјо Стојановски
Визуелен уметник: Флоријан Чанга (Р. Албанија)
Камера и видеомонтажа на филм: Доријан Миловановиќ
Мултимедија и графички дизајн: Лазе Трипков
Поетско читање: Никола Ристановски
Асистент костимограф: Ангела Богеска
Светло: Јакуп Јакуп, Нино Митевски, Перо Марачков

Балетската премиера „Молитви на моето тело “ е триптих составен од три кореографски едночинки и тоа:
Прва едночинка : Ивана Коцевска на музика на Дарија Андовска,
Втор едночинка: Адријана Давчевска на музика на Александар Гроздановски
Трета едночинка: Саша Евтимова на музика на Александар Пејовски

… Балетска претстава “Молитиви за моето тело“ е театарска актуализација на истоимениот поетски циклус на Ацо Шопов, објавен 1963 година во збирката „Небиднина“ (можеби најдобра/најкомпактна во авторовиот опус). Наспроти шестдецениската дистанца, денешниот прочит на песните од овој антологиски циклус – интимистички по својата импостација, ама и радикален по своите поетски интенции, поточно: по полемичниот однос кон своето време – упатува на речиси истите неспогодби кои ги споделуваме денес: идентитетски, емоционални, егзистенцијални…
Шопов, еден од првоборците во војната 1941-1944, која ја создаде македонската држава, дваесеттина години по таа историска победа критички ја анализира и ја поетизира судбината на своите младешки идеали. Истото го прават и генерациите на македонските уметници, собрани во овој проект триесет години по осамостојување на Македонија.
Балетската претстава “Молитви за моето тело“, ја следи не само поетската, туку и радикално полемичната нишка „впишана“ во песните на Шопов. Овој пат читани од шестдецениската метакритичка дистанца која суштествено го актуализира нивниот „вечен“ ангажман.

Главен мотив:
Дејноста и делата на истакнати домашни дејци и автори во сферата на творештвото, културата, уметноста, литературата, музиката, образованието, науката, спортот и други истакнати личности кои имаат директен придонес во развојот на државноста или придонеле во создавањето или зачувувањето на културното наследство претставуваат теми за инспирација.
НУ. Национална опера и балет, за 2023 година ќе го одбележи јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов, истакнат домашен деец од литературата, со продуцирање на балетската претстава „Молитви на моето тело“ каде тројца македонски композитори и тројца македонски кореографи и останатите уметници како инспирација го користат истоимениот циклус поезија за кој на големо задоволство се даде согласност од носителот на авторските права г-ѓа Јасмина Шопова, ќерка на поетот.
Со овој чин, НУ. Национална опера и балет се вклучува во останатите настани кои ќе бидат организирани на национално ниво и од страна на UNESCO во чест на македонскиот поет повод 100-дишниот јубилеј во 2023 година.