„МИЗАНТРОП“ – ЖАН БАТИСТ ПОКЛЕН МОЛИЕР
„За љубовта на човекомразецот или за омразата на човекољубецот“
Оваа сериозна комедија е поглед во човековата душа на современиците од периодот кога била пишувана во 17 век, но e и магнетна резонанца на нашето време.
Патувањето со нас е како гледање во играта на сенката. Ако се вели дека првата линија била линијата на сенката, нашиот мизантроп подвлекува линија и го поставува онтолошкото прашање: кој е побезбедниот пат – дали умерената лага или ноторната вистина? Во кој од овие два избора демне спасот, и постои ли воопшто вистинска вистина? Дали еуфемизмите на современиот ултра хипер орто и онто човек ќе ја сменат линијата на неговата сенка ако наместо слатки лаги почне да (рас)кажува за нештата какви што се навистина. Но внимателно со иднината, сенката на современиот човек кој пат и да го фати, бездруго, ќе допре до портите на пеколот.
Ова е и драматуршка потрага по тоа кој е човекомразецот во пиесата – Алсест или Оронт, или можеби Селимена, Арсиноја...?
Алсест и Филинт, Арсиноја и Селимена, и сите ликови во оваа трагикомедија се драматуршки биполарни, расцепени помеѓу стравот и страста, разумот и срцето. Понекогаш овие борби и ова биполарно растројство знаат да бидат смешни, забавни. А можеби во тоа се состои и лекот и спасот. Смеата! Макар и горчлива, таа ќе нè спаси.
Дарко Јан Спасов, драматург
Улоги:
Алсаст: Атанас Атанасовски
Филинт: Александар Михајловски
Орнот: Столе Мицов
Селимена: Мирјана П. Ристов
Елијанта: Магдалена Ризова - Черних
Ариноја: Жаклина Петровска - Милјановска
Акаст: Илија Илиоски
Клитандр: Жарко Димоски
Баск: Виктор Арсов
Ди Боа: Ердоан Максут
Режија: Ана Вукотиќ
Драматург: Дарко Јан Спасов
Кореограф: Соња Вукичевиќ
Сценограф: Јелена Томашевиќ
Костимографија: Лина Лековиќ
Композитор: Александар Радуновиќ – Попај
Организатор на настанот: Театар Комедија