info@karti.com.mk

Наслов

Јуни

06

800 мкд

22:00

Младински Културен Центар, Скопје

MATCHUME ZANGO - Native Practices of Mozambique

6 ЈУНИ • MKЦ Денсинг сала • 22:00

MATCHUME ZANGO  тимбила, перкусии

Мачуме Занго е реномиран мозамбиски музичар, композитор и изработувач на инструменти, препознаен како нов мајстор на тимбила (традиционален дрвен ксилофон). Тој се посветил на традиционалната мозамбиска музика и танц уште од шестгодишна возраст. Занго потекнува од Завала, во провинцијата Инхамбане, центарот на традицијата на тимбила, и има одржувано предавања на Универзитетот во Кејп Таун. Инспириран од оваа долга и страсна музичка и перкусионистичка траекторија, тој започнал да свири, да студира музика и да изработува инструменти како тимбила, мбира, читенде и џембе тапани. Тој е дел од познатата група Timbila Mozimba и има објавено соло изданија како „Wata M'cande“ и „Tatei Watu“. Во изминатите дваесет години, Мачуме има настапувано ширум светот како изведувач и композитор на традиционална, експериментална и фјужн музика, активно учествувајќи на работилници и снимања, вклучително и соработки со уметници како Кејт Грифин. „The Native Practices of Mozambique“ е аудиовизуелен концерт на Матчуме Занго, во форма на обновена верзија на песните, танците и ритуалите на Банту народите од Мозамбик. Проектот се реализираше во 2023 година и вклучува аудиовизуелни материјали од културните традиции на три етнички групи во Мозамбик: Макуа, Нијау и Чопе.

https://matchumenzango.com/

ZAWOSE QUEENS

6 JУНИ • МКЦ Денсинг сала • 23:00

PENDO ZAWOSE – вокал, перкусии
LEAH ZAWOSE – вокал, перкусии
BEN BROWN – 
тапани, пратечки вокал
TAL JANES – 
гитара, бас, пратечки вокал

Zawose Queens ја продолжуваат долгата традиција на флуидни полиритми и занесно полифоно пеење на народот Гого (познат и како Вагого) од регионот Додома во централна Танзанија. Потекнувајќи од музичко семејство како потомци на големиот Хукве Завосе, тие биле опкружени со музика целиот свој живот. Иако кај народот Вагого жените традиционално смееле да пеат само придружни хармонии и да свират на мал тапан наречен мухеме, тие одлучиле да ги преиспитаат и на крај да ги предизвикаат тие табуа. Во 2019 година, британските продуценти Оли Бартон Вуд и Том Ексел ја посетија Танзанија, каде што се поврзаа со две жени од семејството Завосе, Леа и Пендо, што доведе до објавување на нивниот деби албум „Maisha“ во 2024 година. Впечатливиот албум на дуото најавува нова ера. „Maisha“ ги претставува Zawose Queens на моќен, инвентивен и ослободено танцувачки начин. Со спој на органски хармонии и електронски елементи, во нивната танцово инспирирана фузија тие се поврзуваат со природата, церемонијата и ритуалот. Во последните неколку години настапувале на фестивали како Glastonbury, Womad, Sauti Za Busara, Womex и други. Оваа година, тие ќе ги донесат своите источноафрикански корени со суптилни електронски елементи – со битови и дропови – на завршната вечер на OFFest.

https://www.thezawosequeens.com/