info@karti.com.mk

MARKO ŠKUGOR - ПРЕМИЕРНО ВО СКОПЈЕ!

Октомври

17

1200 - 2200 мкд

20:00

Филхармонија, Скопје

🎤  MARKO ŠKUGOR -  ПРЕМИЕРНО ВО СКОПЈЕ! 🇭🇷❤️

За првпат во Скопје, на еден единствен концерт, доаѓа еден од најпрепознатливите хрватски вокали – MARKO ŠKUGOR!

На 17 октомври 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во салата на Македонската филхармонија, нè очекува незаборавна музичка вечер исполнета со најубавите далматински балади, безвременски хитови и многу емоции.

Марко Шкугор е препознатлив по својот моќен и емотивен вокал, а неговата музика со години ја освојува публиката ширум регионот.

🎶 На концертот ќе ги слушнеме неговите познати песни, меѓу кои „Samo s tobom sam upoznao ljubav“, „Dešperad“, „Ti budi ti“, како и други песни од неговиот богат репертоар.

Посебно место во неговата кариера имаат и соработките со големи регионални имиња, меѓу кои и Данијела Мартиновиќ, со која ја снимија песната „Ono nešto“.

✨ За првпат во Скопје.
Еден единствен концерт.
Една вечер исполнета со љубов, далматински дух и многу емоции.

📅 17 октомври 2026
🕗 20:00 часот
📍 Македонска филхармонија 

🎟️ Билетите се во продажба на karti.com.mk

🎶 ŠKUGOR во Скопје – концерт кој не треба да се пропушти!

 

Резервирајте го вашиот билет навреме!