info@karti.com.mk

Марио Бионди

Марио Бионди својот прв концерт во Македонија ќе го одржи на 12 јуни пред Винарија Камник со почеток во 21.00 часот. Овој пејач и текстописец со раскошен и уникатен глас ќе го претстави својот нов албум „Романтик“ издаден во март а создаден во соработка со фантастичните музичари Масимо Грек и Давид Флорио. Проектот „Романтик“ е целосно посветен на љубовта, изразена преку специфичниот свет на Марио исполнет со звуци од седумдесеттите.

Марио Бионди е италијански пејач и кантавтор со силен и уникатен глас, кој оправдано го споредуваат со Бери Вајт. За него уште се вели дека е икона и уметник кој ќе остави единствен белег на музиката на 21 век! Првиот деби албум го издава во 2006 година и оттогаш има безброј продадени албуми и распродадени концерти низ светот. Музичките потфати на Бионди му дадоа можност да настапува заедно со италијанските великани како Калифан, Бонгост и Фиорел, како и со американската легенда Реј Чарлс и Чака Кан.

Концертот на Марио Бионди се организира во соработка со Musicology Sessions

Врати отворени: 20.00ч
Почеток на концертот: 21.00ч