info@karti.com.mk

Мала Италија Патува

јуни

20

250 мкд

20:00

Плоштад Мајка Тереза

Мала Италија Патува

“МАЛА ИТАЛИЈА ПАТУВА” претставува настан кој ќе се одржи на 20 Јуни 2017 под отворено небо на платото на плоштадот Мајка Тереза во Скопје, и ќе биде исполнет со мелозвучните гласови на Павле Камилоски - баритон, Христо Арсовски - драмски тенор, Горан Начевски - баритон, заедно со Бисера Чадловска - диригент и Камерен Оркестар.

Основната идеја за истиот е претставување на шпанската, италијанската и француската култура преку најпознатите канцони, шансони и шпански песни. Мотивација за настанот е потребата од воведување на нови и поинакви вечери кои ќе ја пренесат медитеранската култура и музика во едно поинакво светло и ќе придонесат за подигнување на интересот за овој вид на изведби. Концертот, со времетраење од 1 час, ќе Ви овозможи да ја доживеете медитеранската музика и ќе ги задоволи дури и најпребирливите обожаватели на класичната музика.

 

Цените на картите изнесуваат:

Блок 1 од 12  до 16 ред - 250 денари

Блок 3 од 12 до 16 ред - 250 денари

Блок 2 од 12 до 16 ред - 300 денари

Блок 1 од 04 до 11 ред - 300 денари

Блок 3 од 04 до 11 ред - 300 денари

Блок 2 од 09 до 11 ред - 400 денари

Блок 2 од 04 до 08 ред - 500 денари