info@karti.com.mk

Наслов

Март

29

1000-1500 мкд

20:00

Национална Опера и Балет, Скопје

25 години безвременска музика – ЉУБОЈНА во својот препознатлив манир прославува јубилеј со ново големо целовечерно концертно издание во Скопје!

29 МАРТ 2026
ФИЛХАРМОНИЈА

Еден од водечките музички брендови на Македонија својата музика ја свири страсно, со енергија на рок бенд и тоа во сите нејзини форми: нејзината изворна, класична, популарна, експериментална форма. Ја соопштува преку фантастичната вокална експресија на Вера Милошевска која заедно со Оливер Јосифовски (контрабасист, композитор и продуцент) веќе 25 години се симбол и синоним за ЉУБОЈНА. Експериментирајќи и истражувајќи, Љубојна постојано ја освежува музиката одново и одново, одржувајќи го звукот модерен, моќен, кадифен, елегантен и енергичен.

Концерт на кој заедно го славиме македонскиот културен феномен кој најавтентично го пренесува пулсот на музичкиот бит во не само она, што се нарекува урбан, туку и светски отворен звук: ЉУБОЈНА во Филхармонија!