info@karti.com.mk

LITTLE BLUE NOTHING – DOCUMENTARY FILM / IRENA & VOJTĔCH HAVLOVI - CONCERT

јуни

10

300 мкд

19:00

МКЦ, Кино Фросина

Little Blue Nothing – documentary film / IRENA & VOJTĔCH HAVLOVI - concert

Little Blue Nothing / Документарен филм

Музички портрет на Ирена и Војтех Хавлови

Режија: Vincent Moon, Antoine Viviani, Gaspar Claus

Времетраење: 49 минути

Little Blue Nothing е интимно патување низ светот на Ирена и Војтех Хавлови, пар таинствени виолисти што живеат во преградието на Прага, на маргините на цивилизацијата. Овој музички тандем во 1991 година го снима албумот наречен „Malé Modré Nic (Little Blue Nothing)“, кој останува целосно анонимен во тоа време. Петнаесет години подоцна, тројца режисери случајно го откриваат ова ЦД и, опседнати од уникатната музичка содржина, започнуваат да ја истражуваат приказната за двајцата мистериозни музичари. Овој филм ја документира нивната средба, во сината магла на Прашките преградија.

 

IRENA & VOJTĚCH HAVLOVI

Irena Havlova - пијано, вокал

Vojtěch Havel - виолончело, пијано, вокал

www.havlovi.wz.cz

Чешкото дуо Ирена и Војтех Хавлови (The Havels) има речиси 40-годишна заедничка уметничка кариера и партнерство зад себе. Започнаа да работат заедно во средината на 80-тите како дел од експерименталниот ансамбл Capella Antiqua e Moderna, уникатна асоцијација на музичари чиј репертоар опфаќаше различни стилови на европската класична музика: од ренесансата до современата. Со текот на годините тие минаа низ неколку сопствени развојни фази, патувајќи далеку и широко, низ времето и просторот. Со својот инвентивен и неортодоксен пристап кон историските и модерните композициски техники и интерпретативни процеси, Хавлови развија уникатен и музички автономен јазик кој е тешко, ако не и невозможно, да се дефинира и кој продолжува да расте до ден-денес. Во изминатите 40 години тие бележат бројни значајни соработки. Учествуваа во раѓањето на чешкиот видео-арт (Радек Пилар), а го придружуваа и егзистенцијалниот современ танц (Ева Черна и Карел Ванек). Прославениот независен режисер Винсент Мун сними документарен филм за нив. Композицијата на Брајс Деснер „Little Blue Something“, создадена во чест на музиката на дуото од Прага, која ги користи нејзините мотиви, ја снимиja Kronos Quartet на албумот „Aheym“. Музичарите од бендот The National, како и Суфјан Стивенс, се меѓу долгогодишните обожаватели на Ирена и Војтех Хавел. Нивната музика е отворена и сè уште добива нови стимули.