info@karti.com.mk

ЛЕТАЈ ГАЛЕБЕ - концерт посветен на Кире Костов

Ноември

11

1000-1200 мкд

20:00

Национална Опера и Балет, Скопје

ЛЕТАЈ ГАЛЕБЕ

Концерт посветен на маестро Кире Костов

 

Некои автори пишуваат хитови. Единствениот Кире Костов, напиша историја.

 

Неговата музика е вткаена во нашите животи – во радоста и тагата, во љубовта и смеата, во солзите и разделбите. Повеќе од 700 песни, но уште повеќе неброени моменти што живеат преку неговите ноти.

 

На 11 ноември, со голем концерт во Националната опера и балет, ќе му оддадеме почит на маестро Кире Костов.

 

Ова ќе биде вечер кога ќе оживеат неговите композиции и ќе се потсетиме колку е силно влијанието на неговата музика врз сите нас, затоа што - Музиката е живот а животот е музика!

 

На сцената ќе застанат голем број македонски музичари и негови блиски соработници – генерации обединети од и во неговата музика.

 

Не пропуштајте вечер исполнета со благодарност и љубов кон маестро Кире Костов, заокружена со вечната „Летај галебе“.