Гала премиера ✨на македонскиот анимиран филм 🎥 за деца
“Лефти и Рајти си најдоа дом”.
Сценариото на филмот 🎞️ се базира на сликовниците 📚 на Наташа Дукоска: Лефти и Рајти. 👚 👖
Содржина на филмот:
Лефти и Рајти се две облеки, белата блузичка со сина крагничка и три копченца и маслинестите панталони Рајти кои можат да ги носат и момчиња и девојчиња. Дејствието започнува во продавница за облеки, каде доаѓа едно симпатично девојче Мими со мајка ѝ 👧🏻 👩🏻 да купат облека што ќе ја носи Мими на роденден кај другарка. Лефти и Рајти се решени да не се разделат и не се пуштаат додека продавачката сака да ја покаже Лефти на мајката на Мими и на Мими...
Дали ќе најдат свој дом и каков ќе биде нивниот дом, пардон, плакар дојдете да го видите овој интересен анимиран филм за деца.📽️
🎭 Улогите во филмот ги толкуваат:
👚Јелена Јованова – Лефти, мајката
👖Гораст Цветковски – Рајти, ранецот Тигар
🧶Тања Кочовска – наратор
👧🏻 Ева Скендеровска – Мими, Дреска, фустанот Роза
🧥 Изабела Јакимова – Јакната Јасна, продавачката
Останати гласови:
👗 Јана Велева
🩳 Александар Георгиевски
🎒 Миа Велева
Режија: Илија Тодоровски, Сценарио: Наташа Дукоска, Ко-сценарист: Билјана Црвенковска, Арт-дирекција: Хари Дудески, Студио за анимација: Toon Motion Studios (Македонија), Тематска музика 🎶 за филм : Дина Јашари
Продукција: зАнимација продукција
Продуцент: Снежана Нена Гиевска
Креативен продуцент: Наташа Дукоска
Дизајн на постер: Владимир Домазетов
Копродукција: Minya Film i Animacija (Хрватска)
Ко-продуцент: Миљана Драгичевиќ
Филмот е поддржан од Агенција за филм на РСМ и од Хрватскиот Аудио Визуелен Центар - HAVC
Филмот е од I категорија, 🟢 наменет за целата публика
После филмот децата ќе ги запознаат Лефти и Рајти во живо, и следи уште еден настан и изненадување....
Времетраење ⏳: 45 минути
📣 На шарениот тепих пред МНТ предвидено е фотографирање на гостите
📆 28. ноември, 2026, (сабота) 12.00 ч
📍 Македонски Народен Театар (МНТ)
🎟️ 500 ден.