+389 (0)2 3080 111 info@karti.com.mk



Kultur Shock

јуни

23

200 мкд

20:00

Македонска Каменица



kultur shock vo makedonska kamenica 

Kultur Shock во Македонска Каменица!

На 23-ти јуни, од Сиетл (САД) во Македонска Каменица пристигнува култниот џипси панк бенд Kultur Shock. Бендот е првокласна фестивалска атракција која ги има поминато сите значајни светски фестивали, а нивните хитови кои се микс на традиционална балканска музика со рок, панк и метал повеќе од 20 години ги воодушевуваат музичките фанови.

Со издавањето на новата песна „Refugee Song“, Kultur Shock го прекинаа едногодишното „душевно преиспитување и истражување како да се опстане во светот кој моментално нема никаква смисла“.

True Sound of Kamenica Festival е подготвен за звучниот удар кој ќе се случи на најголемите хитови на Kultur Shock. „Hashishi“, „Zumbul“, „Sheitan“, „Sloboda“, „Da ye“, „Aksam“, „Mastika“ и многу други ќе ја стресат Каменица.

Kultur Shock во Македонска Каменица!

23-ти јуни 2018, почеток 20.00 часот.