+389 (0)2 3080 111 info@karti.com.mk



ŠKRTICE НА CINEDAYS

ноември

18

250 мкд

22:30

МКЦ



ŠKRTICE НА CINEDAYS

ŠKRTICE НА CINEDAYS  

За затворање на CINEDAYS 2018 на 18.ноември ја најавуваме белградската „супергрупа“ Шкртице!
После нив во бифе МКЦ музика пушта словенечкиот DJ Yanoosh aka.Ohm Fat

Škrtice е своевидна „супер група“ составена од предводникот Зоран Костиќ - Цане (Партибрејкерс). Својот деби истоимен албум го објави во декември 2016 година а оваа година изданието доби и свое винил издание.
Покрај легендарниот фронтмен на Партибрејкерс во групата членуваат и Владимир Колариќ (Велики Презир), Борис Младеновиќ (Јарболи), Данило Луковиќ и Бошко Мијушковиќ (Straight Mickey And The Boyz).
Нивниот албум може да се опише како психоделичен, сиров, остар со многу емоции, искрен осврт на животот кој се случува околу нас и во нас.
Жанровски гледано, Шкртице можат да се опишат како бенд кој фузира панк, new wave, рок, па дури и hard core.
Шкртице за прв пат гостуваат во Скопје, уникатнa прилика да се види Цане надвор од Партибрејкерси:)
Едно е сигурно Шкртице се одличен бенд во живо.