info@karti.com.mk

Концерт за деца „КАРНЕВАЛ НА ЖИВОТНИТЕ“

ноември

26

100 мкд

13:00

Дом на АРМ

Концерт за деца „КАРНЕВАЛ НА ЖИВОТНИТЕ“

Во рамки на 23-тото издание на манифестацијата „Есенски музички свечености“ 2022 ќе се одржи концерт за деца „КАРНЕВАЛ НА ЖИВОТНИТЕ“.
Концерт за деца КАРНЕВАЛ НА ЖИВОТНИТЕ
Пламенка Трајковска – виолина
Ајхан Куртов – пијано
Анита Бошкова - наратор
,,Карневалот на животните“ е најпознатата композиција за деца од францускиот композитор Камиј Сен Санс. Композицијата е хумористична музичка свита со четиринаесет ставови, која тој ја напишал во 1886 година. Оригинално е напишана за две пијана и мал камерен состав. Сен Санс забранил јавни изведби на Карневалот на животни, бидејќи сметал дека композицијата ќе му го загрози угледот како сериозен композитор. Композицијата е објавена по смртта на композиторот во 1922 година и од тогаш се смета за една од најпознатите дела на класичниот репертоар.
„Карневалот на животните“ музички опишува различни животни – лав, кокошки, желки, слон, кенгур, риби, магариња, кукавица, птици, лебед. Кога децата слушаат, треба да ги најдат музичките елементи на одделните животни како на пример брзо – бавно животно, дебело или слабо животно, во каква атмосфера се наоѓа и многу други елементи. Преслушувањето на ова дело кај децата овозможува развој на концентрација, имагинативно размислување, препознавање на звучните елементи и многу забава со класична музика.
Во 2018 година виолинистка Пламенка Трајковска направи нов аранжман на композицијата за виолина и пијано и го сними ЦД то Карневал на животните.
Билетите ќе бидат во продажба со цена од 100 денари и приходот од продажбата ќе оди во СОС Детско село.