Концерт на Влатко Миладиноски, еден од најпрепознатливите и најемотивни македонски пејачи, во придружба на оркестарот на неговиот брат Златко Миладиноски.
На 29 Јули, со почеток од 21:00 часот, во магичниот амбиент на Античкиот театар Хераклеја во Битола, публиката ќе има можност да ужива во едно уникатно македонско музичко доживување.
Оркестарот на Златко Миладиноски, составен од 30 врвни музичари, ќе изведува авторски и преработени песни, збогатени со специјални сценски надополнувања и атмосфера за паметење.
Како и секогаш, вечерта ќе биде исполнета со многу изненадувања и специјални гости од македонската естрада.
Ве очекува автентично, емотивно и чисто македонско уживање!