info@karti.com.mk

Концерт на OLIVER TRUAN & KOLSIMCHA

јуни

25

200 мкд

21:30

Куршумли Ан

Концерт со Kolsimcha и Оркестарот на Фаме’с Институт 

Концертот на Колмича бенд и оркестарот на Фамес Институт е дел од Европскиот Оркестарски Програм за млади талентирани музичари поддржан од програмата на Креативна Европа.  

Уште од нивното формирање во 1986 година, уникатниот звук на Kolsimcha ја плени и воодушевува Европската и Светската публика, изведувајќи во њујоршката Карнеги Хол и лондонската сала Квин Елизабет, како и на најреномираните фестивали на џез, класична и светска музика на сите континенти.

Преку нивната оригинална музика, огромен ентузијазам и виртуозност, тие создаваат концертна атмосфера различна од било која друга, со која ја креваат публиката на нозе.

Опишани од LA Times како „фантастичната петорка“, овој неверојатен ансамбл кој создава револуционерна мешавина од возбудливи џез импровизации, блескави симфониски звуци и егзотични медитерански мелодии наизменично со сензуални источноевропски ритми.

Бендот Kolsimcha ќе свири заедно со оркестар составен од млади талентирани музичари од цела Европа кои престојуваат во Македонија како дел од Европскиот Оркестар имплементиран од ФАМЕС Институт, кои заедно со целиот тим на уметници, диригенти и професионални музичари работат на своите интерпретациски вештини, преку мастер часови, тренинзи и перформанси во живо.

За време на концерот ќе бидат изведувани авторски дела на бендот.

 

Колсимча 

Бендот е основан во 1986 година под името Кол Симча во Швајцарија како дуо со Јозеф Болаг и Дејвид Клајн. Нивниот главен интерес бил насочен кон музичкиот жанр Клезмер, свиреле на свадби се додека нивниот успех не пораснал и почнале да одржуваат концерти.

Со текот на годините бендот прерасна во својата сегашна постава од пет музичари - Мајкл Хајцлер (кларинет), Оливие Труан (пијано), Ариел Цукерман (флејта, претходно Роман Глејзер и Ники Рајзер), Даниел Фрикер (контрабас) и Кристоф Стауденман (тапани, претходно Фабијан Куратли (покојник) и Дејвид Клајн). Бендот има обилно турнеи буквално низ целиот свет, свирејќи безброј концерти, сними неколку ЦД-а и настапувајќи во живо на радио станици како што е BBC.