info@karti.com.mk

Концерт на „Нонет +“

ноември

30

200 мкд

20:30

Фоаје на Национална опера и балет

Концерт на „Нонет +“

Во рамки на 23-тото издание на манифестацијата „Есенски музички свечености“ 2022 ќе се одржи концерт на „Ноне т +“ – диригент: Ангел Спироски.

„Нонет +“ е камерен ансамбл основан од Музичка младина на Македонија во 2019 година под раководство на диригентот и композитор Ангел Спироски.
Овој ансамбл составен од млади музичари е единствен од ваков вид во земјата, а негова цел е камерното музицирање да стане неизоставен дел од репертоарот на младите уметници.
Камерниот ансамбл изведува композиции од сите музички епохи со посебен акцент на современата музика.
Ансамблот „Нонет +“ има настапувано неколку пати во Скопје и Софија, Р. Бугарија во организација на Културниот центар на Р. С. Македонија во Софија.
Годинава покрај настапот на „Подиум на млади“ на фестивалот „Охридско лето“, ансамблот на млади музичари ќе настапува низ неколку градови во земјата.
Програма:
С. Барбер: Адаџо за гудачи
Г. Холст: A Moorside Suite
А. Перт: Fratres
Х. Бибер: Battalia à 10