1 Октомври 2025 | Национална опера и балет | 20:00 часот
Гитарскиот виртуоз Курт Розенвинкел, кого Ерик Клептон го нарече „гениј“, за првпат ќе настапи во Скопје заедно со Националниот џез оркестар, под диригенство на маестро Владимир Николов.
Веќе три децении, Розенвинкел ја обликува современата џез-сцена со својот препознатлив стил и музичка длабочина. Од своите први настапи во Њујорк во 1991 година, тој се издигна како вистински иноватор, создавајќи албуми кои инспирираат генерации музичари и љубители на џезот ширум светот. Неговата музика остава неизбришлив белег во историјата на гитарската уметност, а неговите живи настапи пленат и со виртуозност и со емоција.
Фановите често велат дека Курт „ја оживува гитарата на начин што остава без здив“. Неговите концерти се волшебни и инспиративни, создавајќи моменти на чиста музичка интензивност кои остануваат во сеќавањето и создаваат интимна врска со публиката.
The New York Times за него пишува:
“Со само неколку ноти, Курт Розенвинкел кажува повеќе отколку што многумина гитаристи постигнуваат за цела кариера. Непоколеблив истражувач кој зазеде единствено место во џез-светот со својата сложена и суптилна визија.”
Ве покануваме заедно да ја доживееме магијата на гитарата на Курт Розенвинкел во живо!