info@karti.com.mk

КОНЦЕРТ НА БЛАГОЈ ЛАМЊОВ ВО БИТОЛА

јуни

05

650 мкд

19:00

Офицерски дом, Битола

                                                                                                             

 

Поради големата заинтересираност за концертот во Велес, Благој Ламњов прави концерт и во Битола.

Благој Ламњов, кларинет

Blago J - Nostalgic Love

Во овој интимен концертен амбиент, македонско-шведскиот кларинетист Благој Ламњов ( Blago J) ги поместува границите на инструментот кларинет, мешајќи го Македонскиот фолклор со сензитивноста на западната класична музика. Под влијание на двата музички жанра, зачинет со префинета сензитивност, музичкиот стил на Благој ќе ви понуди концертно доживување полно со емоции, една подлабока средба со кларинетот, како и поблиска музичка слика за Македонија, создавајќи мост помеѓу стариот и модерниот свет.

 

 На сцената:

Благој Ламњов, кларинет

Петер Тегнер (од Шведска), гитара

 

Благој Ламњов е истакнат македонски кларинетист кој живее во Шведска. Препознатлив е по неговото исклучително емотивно музицирање и уникатен стил на изведба на Македонска фолклорна музика. Неговиот албум Nostalgic Love придонесе позитивно влијание врз многу сфери во општеството. “Ти ми откри една нова димензија на кларинетот” е често користен коментар од слушателите. 

 Благој е класично образован кларинетист во Шведска, Америка и Македонија. Настапил во половина Европа, Кина, Јапонија, Америка и Канада. Во Шведска вообичаено е ангажиран во операта на Малме, некогаш и 7 месеци во годината, а неговата соло кариера полека но сигурно се движи во нагорна линија.

 Повеќе: www.blagoj.se