info@karti.com.mk

Камерна музика за гудачки квартет: Низ епохите | ФАМЕ'С Институт

Септември

05

200 мкд

20:00

Музеј на македонската борба

 

На 5ти Септември, Сабота, од 20:00 часот во Музеј на македонската борба за самостојност, ќе се одржи неверојатно уникатен настан со наслов  Камерна музика за гудачки квартет: Низ епохите.

На сцената, заедно со студентите на ФЕЈМС Институтот, настапува и Kyan Quartet — наградуван ансамбл основан во 2020 година, кој обединува млади музичари од Велика Британија, САД, Кина и Франција. Имаат настапувано во Wigmore Hall, St. Martin-in-the-Fields, Beethoven-Haus, Шангајската опера и Симфониската сала во Шенжен и работеле под менторство на членови на квартетите Belcea, Doric, Jerusalem и Pavel Haas.

Програмата носи избор на дела за гудачки квартет од различни епохи и стилски периоди — од Моцарт и Бетовен, преку Дворжак, Аренски и Шуман, до Шостакович. Различните музички јазици, карактери и изразни пристапи ѝ овозможуваат на публиката, во текот на една вечер да ја запознае разновидноста на богатиот репертоар за гудачки квартет.

Концертот е дел од осумдневната резиденцијална програма на ФЕЈМС Институтот, реализирана во соработка со Le Dimore del Quartetto, во рамки на која избрани камерни ансамбли од цела Европа престојуваат во Скопје, работат под менторство на Kyan Quartet и се запознаваат со светот на професионалното студиско снимање.

📍 Аудиториум, Музеј на македонската борба
📅 05 септември 2026
🕗 20:00 часот