info@karti.com.mk

JUPITER & OKWESS

мај

31

500 мкд

21:00

МКЦ Дансинг Сала

JUPITER & OKWESS

OFFEST 2018

JUPITER & OKWESS OFFEST 2018 

Јупитер Боконџи, симболичниот „Генерал на бунтовниците“, го врати почесното место на Киншаса, како центар на африканската музика. По враќањето во Конго тој го откри доминантниот румба-стил, но истовремено и мноштвото на други ритми и стилови кои опстојуваат во сенките на румбата, реминисценции на фанкот, соулот и рокот. Користејќи ја врската помеѓу музичките традиции на Конго и западната музика, Јупитер создаде свој оригинален музички израз. Опкружен со извонредниот состав Okwess International, тој во митската румба на Конго ги внесе фанкот и урбаните ритми. Богатиот звук на бендот го привлече вниманието на продуцентот Дејмон Албарн и Jupiter & Okwess станаа едни од најсјајните ѕвезди на турнејата Africa Express, организирана од Дејмон, настапувајќи на многу места, меѓу кои и на фестивалите Glastonbury и Womad. Нивниот последен албум „Kin Sonic“, објавен во 2017 година за Glitterbeat Records, продолжува со истражувањата и патувањата низ богатото музичко наследство на Конго.