Откако лани со настапот во склоп на музичката конференција ПИН го урна рекордот на посетеност во МКЦ, најистакнатото име во новонастанатата регионална музичка сцена, JOKER OUT се враќа со свој самостоен концерт!
1 ДЕКЕМВРИ, МКЦ – СКОПЈЕ
Ексклузивен повод за ова гостување е нивниот нов, трет албум кој излегува на 15 ноември и кој на оваа турнеја групата премиерно и во целост ќе го претстави во живо.
Побрзајте за влезниците! Љубљана, Загреб и Белград се веќе распродадени, а досегашното искуство со Joker Out и македонската публика несомнено наговестува дека и Скопје ќе се најде на оваа листа!
Најповолната промо-цена од 800 ден. важи ограничено за првите сто влезници!
Следна цена: 1000 денари.
Концертот на Joker Out е дел од офф-програмата на ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ.