ЈАКОВ ЈОЗИНОВИЌ ЗА ПРВПАТ ВО МАКЕДОНИЈА! ✨🎤
Регионалната сензација Јаков Јозиновиќ ја најавува својата турнеја за 2026 година „Ja za čuda letim“, во чии рамки за првпат ќе настапи во Скопје – на 9 април во Арена „Јане Сандански“!
Пред неколку дена Јаков го објави својот прв сингл „Polje ruža“, со кој најави ново поглавје во својата музичка кариера, а денес и официјално ја објавува својата голема регионална турнеја.
Турнејата вклучува концерти во Арена Загреб, дури пет концерти во Сава Центар (Белград), како и настапи во Скопје, Нови Сад, Риека, Сплит, Осиек и Љубљана.
По низа распродадени концерти и извонредни успеси во земјата и странство, Јаков Јозиновиќ уште еднаш докажува дека е една од најголемите сензации на современата музичка сцена во регионот.