Iron Maiden Tribute
ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ОРГАНИЗАТОРОТ
--------------------------------------------
Почитувани,
Изразуваме длабоко жалење за вчерашната трагедија, Skopje Tribute изразува длабоко сочувство до семејствата на загинатите и брзо закрепнување на повредените.
Денешниот настан во клубот Станица 26, Iron Maiden Real Tribute at Skopje ќе биде одложен за 17.02 недела, КУПЕНИТЕ БИЛЕТИ ВАЖАТ ЗА НОВИОТ ДАТУМ.
Доколку некој не е во можност да присуствува на 17.02 (недела) картите може да ги врати на продажното место од каде што се купени и средствата ќе бидат рефундирани.Задолжително треба да се приложи билетот и фискална сметка за истиот. Доколку се работи за рефундацијата на средства за online купените билети, потребно е да испратите барање на меил на истата адреса од каде што Ви пристигнаа ваучерите.
Рефундацијата ќе се прави најдоцна до 20.02.2018 среда.