info@karti.com.mk

Инклузивна танцова претстава ,,Белешки до себе,, -ЕУРЕКА- 01.12.2026, 20:00

Декември

01

700 мкд

20:00

Национална Опера и Балет, Скопје

Инклузивна танцова претстава „Белешки до себе“


„Белешки до себе“ е покана да се вратиме кон себе, да ја забавиме брзината и повторно да ја откриеме магијата на сегашниот миг.

 

„Белешки до себе“ е симболичнa и емотивна приказна за брзината на животот и за се она

што го забораваме додека постојано целиме кон следното. Живеењето. Постојано чекајќи

го утре и трагајќи по повеќе, ја губиме присутноста во моментите. Визуелизација на

приказната за белешките кои си ги пишуваме до себе. Приказна за сите нас – деца, млади и

возрасни – кои во потрагата по повеќе често забораваме да го почувствуваме она што веќе

го имаме. Преку движење, музика и визуелна приказна, претставата нè води низ белешките

кои си ги пишуваме до себе. Она што сакаме да си го кажеме на помалиот јас. Успори,

диши, насмеј се, уживај, биди присутен, живеј. Сега. Тука.

 

 Премиерно на претставата ќе го видиме делото “Notes to yourself” со кое

тимот на Еурека како дел од македоснката репрезетација стана СВЕТСКИ ШАМПИОН во

категорија продукција во 2026 година во Киелце, Полска. Со 52 танчери на сцена од 8 до

24 години и 8 минутна авторска кореографија.