ВИП пакетот вклучува:
- Meet & Greet со бендот
- Лична фотографија со бендот
- Лични прашања со бендот
- Специјален посте од турнејата, потпишан од бендот
Таксират Ви претставува:
Соло концерт на IN FLAMES во Скопје!
На 15-ти мај, на гости ни доаѓаат едни од предводниците на Gothenburg melodic death metal-от - IN FLAMES. По одличните концерти на At the Gates, Soulfly, Kreator, Destruction, спремни сме за уште еден настап на култен бенд од светската метал сцена.
По нивното основање во 1990, In Flames стануваат едни од највлијателните и најпознати шведски метал бендови. Во раните 2000-ти запливуваат во алтернативените води на металот со што драстично се зголемува продажбата на нивните албуми, а по 2008-ма веќе имаат продадено повеќе од два милиони копии. Добитници се на шведските Grammis награди за најдобар хард рок/метал албум за “Soundtrack to Your Escape” и “Come Clarity”.
Со триесет годишна кариера, свежо излезен тринаесетти албум “I, the Mask” и еден куп турнеи низ светот, In Flames доаѓаат и во Скопје, спремни да го распалат МКЦ! Се гледаме на 15.05.2020