info@karti.com.mk

HOTEL 88

ноември

30

1000-1800 мкд

19:00

Национална Опера и Балет, Скопје

                                                                                                           

ХОТЕЛ 88

 Од својата премиера во 2017 година до денес, претставата Хотел 88 се здоби со статус на култна претстава не само во Белград и Србија туку и надвор од границите на државата.
Досега претставата е изведена над 500 пати, а ја виделе повеќе од 100.000 луѓе. Во претставата играат едни од најдобрите актерки и актери од нивните генерации, Тамара Крчуновиќ, Јелисавета Орашанин Теодосиќ, Андрија Кузмановиќ и Владимир Алексиќ Дејството на претставата се одвива во луксузен хотел, каде што младата брачна двојка Виктор и Ана доаѓа да помине романтичен меден месец.
Сандра и Марко, уште еден брачен пар, исто така доаѓаат во истиот хотел, со истата цел.
Сето ова би било многу убаво и романтично доколку Викторовата Ана и Сандриниот  Марко претходно не биле во многу романтична врска и  бурен брак. Во текот на една ноќ, животите на овие четворица луѓе ќе доживеат страсни, но и урнебесни промени.