info@karti.com.mk

HAMID DRAKE’S TURIYA: HONORING ALICE COLTRANE

октомври

14

800 мкд

20:00

Национална Опера и Балет

HAMID DRAKE'S TURIYA: HONORING ALICE COLTRANE

Ndoho Ange – танчерка, рецитатор

Susana Santos Silva – труба

Jan Bang – електроника

Jamie Saft – пијано, клавијатури, Fender Rhodes

Pasquale Mirra – вибрафон, перкусии

Joshua Abrams - контрабас, синтир

Hamid Drake – тапани, перкусии, вокал

Zulu 3.4 е современо инструментално трио од Скопје коешто го сочинуваат Дамјан Даневски (тапани), Мартин Џорлев (клавијатури) и Марио Симоновски (гитара). Станува збор за млади академски музичари, со исклучителен талент, долгогодишно искуство и сериозен професионален пристап. Формирани се во март 2018 година од страна на Дамјан Даневски, водени од идејата преку фузија на различни стилови и со употреба на современи технички средства да создадат уникатен звук и да внесат свежина на домашната музичка сцена и пошироко. Името на бендот  е инспирирано од радио-аматерскиот код за Македонија со кој Дамјан се среќавал од најмала возраст како син на долгогодишен радио-аматер, па оттука радиоаматеризмот е и еден од најважните мотиви што се провлекува низ целото нивно творештво. За кусиот временски период колку што се присутни на сцената, Zulu 3.4 поседуваат релативно богата дискографија. Нивното деби издание „FM to AM” излезе во 2019-та, а вториот албум „Expandability“ го објавија во март 2020-та, промовиран со концертен настап кој беше последен пред пандемиското затворање на сцената. Минатата година тие го реализираа и својот трет студиски проект „Fragments“. Музиката на Zulu 3.4 содржи широк спектар на влијанија и инспирации: од најсуптилните мелодичните изданоци на чикашкиот пост-рок па сè до некои модерни (не само) џез фузии, проникнувања и вкрстувања.