info@karti.com.mk

Наслов

Септември

15

1500 мкд

20:00

Младински Културен Центар, Скопје

Пред повеќе од 30 години, во Рејкјавик започна приказна што ќе прерасне во едно од најзначајните имиња на европската електронска музика.

GusGus доаѓаат во МКЦ!

Од средината на 90-тите до денес, исландскиот колектив постојано ги поместува границите помеѓу електроника, хаус, техно и поп музиката, создавајќи звук што не може да се помеша со никој друг.

Со 12 студиски албуми, настапи на најголемите европски фестивали и кариера што трае повеќе од три децении, GusGus се едно од ретките имиња што успеваат истовремено да бидат и култни и актуелни.

Зад нив останаа песни како David, Over, Crossfade, Mexico и Arabian Horse — саундтрак на безброј ноќи, патувања, изгрејсонца и подиуми ширум светот.

Но она што со години ги издвојува е нивната способност секој концерт да го претворат во нешто повеќе од настап — во искуство што останува да се памети долго по последната песна.

На 15 септември, една од најубавите музички приказни што доаѓаат од Исланд пристигнува во Скопје.

GusGus во живо. Не пропуштајте!