info@karti.com.mk

Наслов

Јуни

03

800 мкд

20:00

Национална Oпера и Балет, Скопје

GUITARI BARO

3 ЈУНИ • Национална Опера и Балет • 20:00

LASSANA DIABATÉ – балафон
GAOUSSOU KOUYATÉ – гитара
MAMADOU KOUSSOUBE – гитара
 

Guitari Baro (во превод „Гитарски разговори“) е инструментално трио што плени со својата виртуозност и енергија. Овој уникатен ансамбл обединува тројца врвни гриот музичари од Гвинеја и Мали: маестралните гитаристи Гаусоу Кујате и Керфала Диабате, заедно со виртуозот на балафон Ласана Диабате — поранешен член на Symmetric Orchestra на Тумани Диабате, член на Afrocubism и лидер на легендарната група Trio Da Kali. Нивниот проект е возбудливо музичко патување — жив, пулсирачки дијалог вкоренет во богатото манде-гриот наследство. Со неверојатна леснотија, тие ги спојуваат хипнотичките традиционални стилови со влијанија од џез, конгоанска румба, гвинејски танцови ритми и кубанска музика, создавајќи звук што е смело футуристички. Тројцата музичари за првпат се сретнале во ноември 2024 година во живописната населба Мамел во Дакар— момент што прераснал во силно уметничко пријателство и резултирал со нивниот импресивен деби-албум „Guitari Baro“. Овој албум е вистинско откритие — интимен, моќен и полн со емоција. Guitari Baro веќе се издвојува како еден од највозбудливите и најиновативни музички проекти на денешницата, а OFFest со гордост го претставува пред публиката. Со само три инструменти — две гитари и еден балафон — тие создаваат цел универзум од звуци, раскажувајќи илјадници приказни и продолжувајќи ја вековната традиција на западноафриканските гриоти — поети, музичари и чувари на историјата.

https://www.facebook.com/p/Guitari-Baro-61578675813151/

BCUC

6 ЈУНИ • Национална опера и балет • 22:00

JOVI – главен вокал
KGOMOTSO – придружен вокал
HLONI – придружен вокал
LUJA – бас тапан, придружен вокал
CHEEX – конги
SKHUMBUZO – бас тапан
MOSEBETSI  – бас гитара

Домородна група која потекнува од Совето во Јужна Африка, BCUC (Bantu Continua Uhuru Consciousness) ги пренесе своите високоенергетски ритми низ целиот свет. Нивната уникатна мешавина од психоделични грувови, комбинирани со хип-хоп и панк-рок енергија, им донесе обожаватели од сите краишта на светот. Настапувале на сите престижни фестивали како Glastonbury, Roskilde, Sines, Womad, Sziget итн. Во 2023 година, BCUC беa одликувани со престижната награда WOMEX Artist Award, признание кое обично е резервирано за поетаблирани артисти, резултат на нивната бестрашна работа и трансцедентни настапи во живо. Тие се враќаат на јубилејниот OFFest по две години, како еден од најдобрите состави во целата историја на фестивалот, овојпат промовирајќи го својот нов, петти студиски албум „The Road is Never Easy“. По 23 години постоење, тие продолжуваат да настапуваат со истиот бунтовнички, активистички дух со кој започнале. Преку живописен, хедонистички транс-звук, ги претставуваат богатите традиции, вера и ритуали на нивната татковина. Нивното мото „музика за луѓето, од луѓето, со луѓето“ се пренесува и на публиката на нивните настапи, при што многумина се вовлечени во ритуалистичкиот звук на нивните повторувачки бас линии и тапани.

https://www.facebook.com/bantucontinua/