info@karti.com.mk

СКОПСКО ЛЕТО - ГАЛА КОНЦЕРТ НА ВЕЈЧЕСЛАВ ПОПОВСКИ И ACIES КВАРТЕТ

Јули

14

600 мкд

20:30

Филхармонија, Скопје

Вејчеслав Поповски

 

Музичар • Оперски пејач • Градител на виолини

Роден во Скопје во 2000 година, Вејчеслав Поповски е редок спој на уметничка прецизност и автентична инспирација. Потекнува од музичко семејство и уште од 4-годишна возраст започнува да свири инструменти, а подоцна го усовршува и својот глас – станува академски оперски пејач со диплома од ФМУ – Скопје.

На само 10 години снима свое прво ЦД со италијански канцони и македонски народни песни, а веќе на 14 ја добива наградата „13 Ноември“ како најмлад добитник досега. Неговата музичка кариера е збогатена со бројни награди од светски натпревари за соло пеење. Но, Вејчеслав е и мајстор-градител на гудачки инструменти – виолини кои ги создава со посветеност и визија. На 17 години ја изработува првата виолина користејќи сопствено изработени алати. Денес, неговите инструменти се барани од врвни виолинисти низ Европа и Америка.

 Во 2023 година освојува сребрен медал за квалитет на тон на меѓународен натпревар во Аризона (САД), а во 2024 добива „Certificate of Merit for Violin Tone“ на Violin Society of America во Индијанаполис – едно од највисоките признанија во светот на лутиерството.

Во јули 2024, учествува на фестивалот NEO – фестивал на некласична класична музика, каде ги изложува своите уникатни инструменти.

 Ноември 2024, Cremona Mondomusica – најголемиот светски музички саем: Вејчеслав е првиот градител од Македонија со сопствен штанд. На овој саем, познатиот виртуоз на виолина - Роби Лакатош  ја избира неговата копија на Stradivarius “Jupiter 1700” и настапува со неа на штандот на Thomastik-Infeld Vienna( најпознатиот производител на жици за гудачки инструменти) создавајќи вистински магичен момент за паметење.

Acies Квартет

 

Официјални културни амбасадори на Австрија

Формиран во 2000 година од четворица студенти на Конзерваториумот во Каринтија, Acies Квартет е еден од водечките австриски гудачки квартети. Членови на ансамблот се виолинистите Бенјамин Циервогел и Рафаел Каспријан, виолистот Јожеф Бизак и виолончелистот Томас Висфлекер.

Квартетот се усовршувал со врвни светски уметници, меѓу кои Juilliard Quartet, Alban Berg, Guarneri и Amadeus квартетите. Добитници се на престижни награди и беа прогласени за Уметници на годината од националното радио Ö1 во 2007 година.

Како дел од програмата New Austrian Sound of Music, настапувале низ Европа, Азија и САД, претставувајќи ја Австрија како музички амбасадори. Имаат соработувано со Брукнер Оркестарот и членови на Виенската филхармонија.

Нивниот дискографски опус за издавачката куќа Gramola вклучува дела од Хајдн, Бетовен, Шуберт, како и современи автори како Глен Гулд и Фридрих Гулда.

Рихард Рикон од Словачка - пијанист со богата интернационална кариреа

 

Неговиот репертоар ги вклучува делата на Бах се до современите композитори, а има настапувано на бројни музички сцени низ светот.Меѓу другото, има снимено ЦД „Пијано меџик“, 1,2,3 со светски познати нумери аранжирани во неконвенционален стил за што е добитник и за наградата „Голден Рекорд“.Риккон е исто така и композитор и аранжирал дела за други уметници. Во рамки на своите активности тој посветува време и на пронаоѓање и менторирање млади таленти