По најголемата боречка вечер годинава, Fight Nation Championship не запира. FNC 33 powered by Supersport во Загреб е зад нас, а најголемата MMA промоција во југоисточна Европа се свртува кон нов предизвик и првпат во својата историја доаѓа во Македонија!
Нова држава на FNC картата, нова голема сала и веднаш борба за појас. FNC 34 ќе се одржи на 24 октомври во спортскиот центар Т Арена / Борис Трајковски во Скопје, а македонската публика веќе на првиот натпревар со FNC ќе ја види една од најочекуваните борби во лесна категорија.
На едната страна од кафезот ќе биде шампионот Лом-Али Ескиев, а наспроти него српската ѕвезда Марко „Skull Crusher“ Бојковиќ. Германецот доаѓа во Скопје да го брани појасот, додека Бојковиќ ќе се обиде да ја оствари најголемата победа во кариерата и титулата шампион на FNC.
Ова ќе биде врвот на вечерта со која FNC отвора уште едно големо поглавје. По Хрватска, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Австрија и Германија, време е и македонската публика да го запознае FNC.
Скопје е следната станица. FNC 34 доаѓа на 24 октомври, а билетите веќе се во продажба. Осигурајте си го своето место на време и бидете дел од првиот FNC спектакл во Македонија!