info@karti.com.mk

ФК Вардар - членска карта

2023

1000 мкд

-

Национална арена Тодор Проески

ФК Вардар - членска карта

Комити, Вардарци, симпатизери на црвено – црната гордост,

Во овој момент, клубот е целосно во наши раце, а со тоа и неговата судбина. Успехот на оваа
акција, значи сигурна иднина за ФК Вардар и почеток на една здрава, успешна спортска приказна,
која заедно со сите Вас, сакаме да ја изградиме.
Ти кој што ова го читаш, запомни дека ти си Вардар, нема никој друг. Затоа, приклучи се, купи
членска карта и дај го својот допринос во заедничката борба. За подобри денови, за многу нови
победи и титули, за нашиот Вардар!
За крај, јасно сакаме да потенцираме дека, единствената цел на акцијата, ќе биде – прилив на
финансиски средства, за нормално функционирање на ФК Вардар!
Полниот стадион, на првиот домашен натпревар во сезоната 2023/24, нека биде јасна порака дека
Вардар ќе живее, воден од своето најсилно оружје – народот!

Времето и местото, од каде што ќе може да ги подигнете членските карти, ќе ги објавиме наскоро!