info@karti.com.mk

FIGHTING WINDMILLS & DIRTMUSIC

јуни

01

500 мкд

21:00

МКЦ

FIGHTING WINDMILLS & DIRTMUSIC 

OFFEST 2018

 FIGHTING WINDMILLS  - OFFEST 2018 

Fighting Windmills е состав, формиран во 2007 година, во кој членуваат пет музичари од помладата македонска генерација. Музиката која ја создава оваа група не подлежи на никаква категоризација, сосем природно пронаоѓајки го својот идентитет во играта со повеќе жанровски и стилски извори, меѓу другите и со пост-рок, фри-џез, пост-панк, фолклор, амбиентална и современа класична музика. Во својата дискографија имаат пет албуми, а во меѓувреме, соработуваат со некои од најинтересните чинители на македонската современа џез сцена, како Sethstat и Јордан Костов. Во моментов се актуелни со нивниот најнов албум “An Exercise in Surprise“, издаден во април 2018 година. На него, покрај веќе воспоставените насоки, бендот флертува со елементи на современиот скандинавски џез, диско-панк и теми од соло-делниците на Чарли Паркер. Насловот на албумот и насоката во којa се движи ова издание се делумно инспирирани од легендарниот квинтет на Кен Вандермарк.

DIRTMUSIC OFFEST 2018 

Dirtmusic се формирани од американските музичари Крис Екман и Крис Броков и австралиeцот Хуго Рејс (The Bad Seeds), како „сирово” акустично блуз трио. Светски позната музичка група станаа речиси случајно. Пред една деценија на фестивалот во Тимбукту тие се здружија со туарезите од групата Тамикрест, и она што започна како џем-сејшн прерасна во соработка од која произлегоа неколку албуми кои подеднакво ги надградија и двете групи. Изненадувачки,  новиот албум на Dirtmusic навлегува во друга територија. “Bu Bir Ruya”, објавен во јануари 2018 година, е веројатно досега најдобриот албум на Dirtmusic. На Крис и Хуго им се придружи и Мурат Ертел (Baba Zula). Со гитарите во раце тројцата „номади” ја креираа нивната нова, многу возбудлива музичка структура. Овие мулти-инструменталисти, од различен бекграунд, се соединија во еден заеднички јазик.  “Bu Bir Ruya” е предизвикувачко издание, немирен запис за духовното, за главата но уште повеќе и за телата.  Пост-панк, турска психоделија, фанк, рок и електроника, сето ова на едно место.