info@karti.com.mk

FIBA BASKETBALL CHAMPIONS LEAGUE

Почитувани љубители на спортот, љубители на кошарката, Скопје за прв пат во својата историја има чест да биде домаќин на квалификационен турнир од официјалната кошаркарска лига на шампиони во организација на светската кошаркарска федерација ФИБА.
Нашата „тафталиџанска“ и градска гордост, екипата на ТФТ, храбро го прифати предизвикот да биде домаќин на великани од самиот врв на европската кошаркарска елита.
Во период од 21.9 – 25.9. 2022 година, во спортскиот центар Борис Трајковски, во три натпреварувачки дена, преку елиминационен систем на натпревари, Европа ќе го добие новиот учесник во групната фаза од лигата на шампионите.
За престижното „столче“ во елитата, покрај нашиот ТФТ, како минатогодишен освојувач на купот на Македонија, ќе се борат и романскиот ЦСО Волунтари, швајцарски Фрибург, најтариот британски кошаркарски клуб Лестер Рајдерс, како и одлично познатите Кемниц од Германија и Тофаш Бурса кој ни доаѓа од силната турска кошаркарска лига.

23.09.2022

25.09.2022