+389 (0)2 3080 111 info@karti.com.mk



Фестен

декември

07

200 мкд

20:00

Драмски Театар



ФЕСТЕН

teatarska pretstava festen - dramski teatar 

Организатор на настанот: Драмски театар

Томас Винтерберг, Морген Руков и Бо Хр. Хансен
FESTEN - ПРОСЛАВА

Жанровски определена во денешен контекст, „Прослава“ е современа трагедија и критика на моралната инерција во денешното општество. Тоа е драма што се занимава со расчистување со хипокризијата на „здравото, големо“ патријархално семејство, преку следење на настаните на една семејна прослава во која се одбележува шеесеттиот роденден на таткото Хелге, во мрачната сенка на неодамнешното самоубиство на една од неговите ќерки. „Прослава“ е драма на односи, на внатрешни конфликти. Сложена психолошка приказна, која овозможува возбудлива потрага по најскриените човекови мисли и чувства, потрага што ги испитува границите на издржливоста.
Сценска адаптација: Дејвид Елдриџ

Превод од англиски јазик: Благоја Бошковски Буцко
Режија: Зоја Бузалковска
Драматургија: Александра Бошковска
Сценографија: Зоја Бузалковска и Тодор Дајевски
Костимографија: Марија Пупучевска
Сценски движења и борби: Дарко Вељиќ

Кристијан ............... АЛЕКСАНДАР СТЕПАНУЛЕСКИ
Михаел ................... ДЕЈАН ЛИЛИЌ
Хелене .................... СОЊА СТАМБОЛЏИОСКА
Хелге ...................... ДИМЕ ИЛИЕВ
Елзе ........................ ЛИЛЈАНА ВЕЛЈАНОВА 
Мете ....................... ЕМИЛИЈА МИЦЕВСКА
Гбатокаи ................ ДЕНИЗ АБДУЛА
Хелмут ................... ДИМИТРИЈА ДОКСЕВСКИ
Поул ....................... ЛАЗЕ МАНАСКОВСКИ
Дедото .................... ЃОРГИ ТОДОРОВСКИ
Ким ........................ ПРЕДРАГ ПАВЛОВСКИ
Ларс ....................... ЗЛАТКО МИТРЕСКИ
Пија ........................ ТАМАРА РИСТОСКА
Девојчето .............. АНАСТАСИЈА АНЕВСКА