info@karti.com.mk

FATOUMATA DIAWARA (MALI)

јуни

05

1200 мкд

20:30

МОБ

FATOUMATA DIAWARA (MALI)

OFFEST 2019

 

Појавувајќи се експлозивно на сцената во 2011, Fatoumata Diawara во последниве години се етаблираше како една од водечките женски гласноговорнички на новата африканска творечка генерација. Нејзиниот спектакуларен деби албум „Fatou“ (2011), ја лансираше оваа пејачка, актерка и активистка од Мали, меѓу најекспонираните нови африкански уметници на планетата. Вториот албум „Fenfo“ („нешто да кажам“), пак, на драматичен начин ги исполни очекувањата испорачувајќи нова збирка живописни и оригинални композиции што се потпираат врз нејзините богати животни искуства. Храбро експериментален, но со длабока почит кон потеклото, ова е албум што ја дефинира како глас на младата африканска жена - горда на своето наследство, но со сопствена визија за иднината и универзална порака. Има соработувано со некои од најзначајните имиња на современата музика: Херби Хенкок, Боби Вомек, Дејмон Албарн, Тумани Диабате, Уму Сангаре, Ди Ди Бриџвотер, Роберто Фонсека и многу други. Во исто време, продолжува со својата паралелна кариера како актерка, вклучувајќи ја и извонредната улога во филмот „Тимбукту“ (2014), кој беше номиниран за БАФТА и Оскар.