info@karti.com.mk

Наслов

Ноември

17

1800 мкд

20:00

Младински Културен Центар, Скопје

17 НОЕМВРИ 2026

МКЦ – Скопје

Роден во Анкара, со адреса во Берлин, Ezhel е еден од највлијателните гласови на современиот рап во Турција и Германија. Со звук инспириран од реге, хип-хоп и анатолиски рок, тој создаде уникатен музички идентитет што ја освои светската сцена. Уште со неговиот култен деби-албум Müptezhel (2017) стана симбол на отпорот и слободата на изразување, а неговите искрени и емотивни текстови зборуваат директно за реалноста на младите денес.

Ezhel денеска е значајна фигура во глобалната хип-хоп заедница, со влијание што премостува многу граници бидејќи креира специфична интернационална музичка култура околу турскиот хип-хоп, препознатлива дури и за тие кои не зборуваат турски.

Со армија фанови кои го следат насекаде, концертите на Ezhel се распродаваат во рекорден рок, а таков беше и неговиот последен концерт кај нас. Оваа есен, мултиталентираниот уметник се враќа со новата европска турнеја за нов самостоен концерт во Скопје!