VIP Gold Main Stage, VIP GOLD Dance Arena, VIP Terasa, посебно место за замена.
EXIT 2.0
EXIT фестивал оваа година ќе биде одржан од 13ти до 16ти август во Петроварадинската тврдина, како што најавуваат организаторите, овогодинешното издание во август ќе се одржи со најмалку 20 бини и зони ширум целата тврдина, меѓу кои се и главната бина, колосалната mts Dance Arena, Latino Stage, Beats bina, X-Bass Pit, Urban Bug, секогаш преполната Guarana AsFM и Gaia Experiment Trance Stage.
Покрај бројните зони за одмор и собирање како што се Foodland зоната и оваа година посебно место ќе завземе омилената Pachamama зона, додека историско место за средби и оваа година ќе биде Wenti Wadada Reggae Stage во овогодишно специјално издание. Организаторите наговестуваат дека ова не е конечен список, возможно е дополнително проширување на списокот на бини и придружни содржини по кој EXIT e познат во светски размери.
Како што претходно беше најавено, фестивалот ќе се реализира во соработка со здравствениот тим на Владата на Србија и во согласност со официјалните мерки за заштита, така што сите посетители, изведувачи, како и членовите на тимот кои учествуваат во организацијата ќе бидат максимално заштитени.
Моментално во продажба се влезниците за EXIT фестивал по цена од 3700 денари, а сите фестивалски фанови кои ја набавиле својата влезница во периодоот пред суспензија на продажбата, ќе имаат прилика да се одлучат дали сакаат да ја искористат својата влезница за августовското издание на фестивалот, замена за влезница за фестивалот кој ќе се одржува наредната година или пак рефундација на својата влезница во согласност со условите пропишани од Владата на Србија за сите настани одложени поради пандемијата, и за кои ќе бидат навремено информирани.
*Влезниците се валидни само за државјани на Република Северна Македонија, за кои е неопходно да покажат документ за лична идентификација во моментот на замена на влезницата со нараквица. Ваучерот мора да биде отпечатен, е-ваучерите кои не се отпечатени нема да бидат валидни.
*Влезниците се заменуваат за нараквица на пултовите за замена на самиот EXIT фестивал. Нараквицата Ви овозможува влез на EXIT фестивал еднаш во тек на секој фестивалски ден. Сите информации за замена ќе бидат достапни најкасно 7 дена пред почетокот на фестивалот на www.exitfest.org . Оштетените нараквици нема да бидат валидни.
ВАЖНО за ФЕСТИВАЛСКИ БИЛЕТ:
Билетите се валидни само за државјани на Македонија, што ќе биде неопходно да се докаже со приложување на документ за лична идентификација на местото за замена на билетите со алка. Картата/Ваучерот мора да биде отпечатен. Електронски купените карти/ваучери кои не се отпечатени не се валидни.
ВАЖНО ЗА EXIT КАМП:
Отпечатете го ваучерот и приложете го на Exit Festival местата за замена, за да ја подигнете Вашата алка за камп.
Алката за камп не е валидна за влез на фестивалот и дозволува влез само во кампот.
Електронски купените карти/ваучери кои не се отпечатени не се валидни. Локалната туристичка такса не е вклучена во цената и истата се плаќа директно на рецепцијата од кампот. (околу 1.1 евро на ден)